Сто и шеснаесет македонски компании добија финансиска поддршка од 43,7 милиони американски долари преку финансиската платформа на проектот на УСАИД, кој се спроведува од 2009 година. Средствата на фирмите им овозможија нови инвестиции во вкупна вредност од 75,8 милиони американски долари, кои пак отворија нови 1.066 работни места, а извозот се зголеми за 33,5 милиони американски долари. Ова беше вчера презентирано во Скопје како дел од резултатите на финасиската платформа на Проектот за конкурентност финасиран од УСАИД. Добиените финансии им овозможија на компаниите да инвестираат во нови технологии, да отворат нови работни места, значително да го подобрат својот извоз и да ја зајакнат својата конкурентна позиција на регионалните и глобални пазар.
Сто и шеснаесет македонски компании добија финансиска поддршка од 43,7 милиони американски долари преку финансиската платформа на проектот на УСАИД, кој се спроведува од 2009 година.
Средствата на фирмите им овозможија нови инвестиции во вкупна вредност од 75,8 милиони американски долари, кои пак отворија нови 1.066 работни места, а извозот се зголеми за 33,5 милиони американски долари.Ова беше вчера презентирано во Скопје како дел од резултатите на финасиската платформа на Проектот за конкурентност финасиран од УСАИД.
- Добиените финансии им овозможија на компаниите да инвестираат во нови технологии, да отворат нови работни места, значително да го подобрат својот извоз и да ја зајакнат својата конкурентна позиција на регионалните и глобални пазар, рече амбасадорот на САД Филип Рикер, кој им честиташе на претприемачите кои покажаа решеност за развој и проширувње и кои на глобалната криза гледаат повеќе како на можност отколку како на предизвик.
Проектот создаде група финансиски консултанти која одигра клучна улога за успехот на компаниите помагајќи им да подготват издржани бизнис-планови кои ќе им овозможат пристап до локално достапните финансиски производи, како и да го прошират своето деловно работење.
Компаниите кои учествуваа во проектот високо ја оценуваат помошта како за финансиското инженерство, така и за менаџмент консалтинг.
- Работиме со финансискиот консултат на Проектот на УСАИД за конкурентност веќе неколку години, рече менаџерот и косопственик на производителот на мебел Технокооп", Тони Божиновски, кој додаде дека консултантот е од непроценлива важност за нив за да ги зајакнат внатрешните организациски процеси и практики за финансиски менаџмент кои резултирале во подобрена продуктивност и ефикасност на компанијата.
Финансиската платформа како проект почна со работа во јуни 2007 година како петгодишна активност финансирана од УСАИД, чиишто активности главно беа насочени кон интервенции кои придонесуваат за нови инвестиции, креирање на нови работни места и зголемување на извозот. Главниот предуслов за секое од погоре наведените е пристапот до финансии.
Пилот-фазата беше спроведена во јуни 2008 година, а нејзина главна цел беше да се одредат пречките на компаниите што им оневозможуваат пристап до финансии. Резултатите покажаа дека компаниите не се обраќаат до банките и другите финансиски институции за финансирање на инвестициските проекти пред се заради лошата перцепција која ја имаат за условите под кои работат локалните банки особено во поглед на барањата за обезбедување и проценка на имотот. Потоа компаниите покажале лошо познавање на корпоративни финансии,бизнис планирање, идентификација на проекти, што води до ситуација на намален прилив на добри проекти кои финансиските институции би ги поддржале.
Во рамки на проектот е работено со над 200 компании, а успешно добиле финансии 116 компании.